Доколку видите банкнота од 50 евра под бришачите од вашиот автомобил, само продолжете да возите – еве зошто

Супермен

21/07/2025

14:23

3.540

Големина на фонт

а а а

Измамите додека патувате се многу честа појава, а истите можат да се случат во одморалиштата или на паркинг.

Поради тоа треба да бидете внимателни и свесни за стратегиите кои криминалците вообичаено ги користат. Една од таквите измами е онаа со банкнота од 50 евра оставена под бришачите.


Овој вид на крадење возила којшто последниве години станал сѐ почест (особено во Италија и Франција) има за цел да го привлече вниманието на возачот и да го натера да излезе од возилото, особено откако ќе го запали моторот.

Методата, која главно се припишува на организираните банди во Италија, но и другите земји, вообичаено се спроведува со банкнота од 50 евра оставена на бришачите на шофершајбната. Возачите главно застануваат кога ќе ја видат банкнота и излегуваат од автомобилот за да ја земат.

Тоа е моментот којшто го користат криминалците за брзо да го украдат возилото кое веќе е со клучевите внатре. Инаку, во многу од случаите се докажало дека банкнотата од 50 евра е лажна.

Меѓутоа, некои возачи и натаму знаат како да ја избегнат оваа замка. Главна препорака е да не го напуштате возилото веднаш по откривањето на сомнителниот предмет. Наместо тоа, се препорачува автомобилот да го преместите на безбедно место пред да запрете.


Иако овој вид мамец од хартија може да изгледа како можност, важно е да ѝ дадете предност на безбедноста и да избегнете било каква непријатна ситуација и крадење на вашиот автомобил, особено доколку сте на одмор во странство со сопствен или изнајмен автомобил.

Властите во многу од земјите како: Италија, Франција, Шпанија и Шведска, инсистираат на одржување безбедност и пријавување на секаков таков инцидент во полиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk