„Tesla“ на Илон Маск во сѐ поголеми проблеми: Од компанијата замина еден клучен човек по 15 години работа

Супермен

22/07/2025

19:16

798

Големина на фонт

а а а

Низата лоши вести за „Tesla“ продолжува. Компанијата во моментот кога се соочува со пад на продажбата и поостра конкуренција, ја напуштил еден клучен човек.

Трој Џоунс, досегашниот шеф на продажба за Северна Америка, заминува по 15 години во текот на кои сведочел на вртоглавиот успех на „Model S“, лансирањето на „Model 3“ и експлозивната популарност на „Model Y“.

Заминувањето на Џоунс се случува во време на голема нестабилност за „Tesla“ која веќе една година се бори со падот на продажбата, притисоци од конкуренцијата и стратешка неизвесност.

Од средината на 2024 година, компанијата бележи пад на месечни испораки на клучните пазари, а во април најавила отпуштања на повеќе од 10 отсто од глобалната работна сила.


На „Tesla“ ѝ се заканува загуба од милијарди и голем пад на акциите

Тоа било јасен знак дека „Tesla“ се подготвува за тешки времиња. Сега, додека пазарот и натаму е нестабилен, заминувањето на високопозиционираните менаџери како Џоунс, внесува нова доза несигурност.

Неговата улога која опфаќала надзор на продажбата, сервисите и испорака ширум Северна Америка, била пресудна за секојдневното работење во најважниот регион, пишува „AutoBlog“.


Пад на продажбата и распаѓање на раководството

Проблемите со кои „Tesla“ се соочува не се само интерни. Откако кратко бил најпродаваниот автомобил на светот, „Model Y“ паднал зад „Toyota RAV 4“ која во 2024 година за „влакно“ ја презела глобалната круна.

Иако тоа може да се чини како помал удар, тоа само го потврдува она што станува сѐ поочигледно: Понудата на „Tesla“ некогаш револуционерна, денес делува застарено во споредба со новите, поевтини и често попрактични конкуренти.


„Model Y“ повеќе не е најпродаваниот модел на светот

Сето ова се случува во моментот додека компанијата се бори со промената на перцепцијата во јавноста. Падот на продажбата од квартал во квартал укажува на долгорочниот тренд, а не само на привремени тешкотии.

Некогаш цврстата доминација на пазарот на електрични возила слабее, додека пак традиционалниот автогигант и агресивните кинески стартапови нудат сѐ поконкурентни алтернативи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk