[ФОТО] „Го одземаш здивот“: Многумина нема ни да трепнат поради извајаното тело на секс-бомбата која позира во бикини

Супермен

23/07/2025

14:00

2.474

Големина на фонт

а а а

Ослабнала 40 килограми, почнала да тренира и сега изгледа неверојатно, па не е ниту чудно што Моли Смит повторно го привлекла вниманието со новите фотографии на кои позира во бикини.

Реалити ѕвездата Моли Смит, победничка во емисијата „Love Island All Stars“ повторно го привлекла вниманието поради фотографиите кои настанале на Мајорка, а на кои позира во бикини и го истакнува своето извајано тело.

„Сезона на бикини“, напишала атрактивната русокоса покрај објавата од Мајорка, а во прв план се нејзините извајани стомачни мускули додека лежи на лежалка.

И бикинито како да го вклопила во амбиентот, а ова издание го „зачинила“ со очила за сонце и дискретен накит.

Таа зазела неколку пози за што подобро да ја покаже својата беспрекорна фигура на тело и прекрасниот тен, па добила многу коментари за нејзиниот совршен изглед.

„Секојпат ми го одземаш здивот“, „Сиот труд се исплати“, „Апсолутно неверојатно изгледаш. Твоето тело е совршено“...

Ваквиот изглед таа го постигнала со помош на вежбање и не крие колкава љубов има кон него, а на социјалните мрежи често покажува и како изгледаат нејзините тренинзи.

Гордо го покажува своето тело откако ослабнала 40 килограми, а најмногу сака да вежба во друштво на своето момче Том Клер со којшто запловила во врска во реалити шоуто во кое учествувале.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk