[ВИДЕО] Украинската манекенка на која ѝ го скршиле ‘рбетот во Дубаи се разбуди од кома и откри кој ја злоставувал: „Ми рекоа – 'ти ни припаѓаш нам'“

Супермен

22/07/2025

16:17

4.831

Големина на фонт

а а а

Украинската манекенка Марија Ковалчук (20) која беше пронајдена тешко повредена покрај патот во Дубаи на 12 март, се разбуди од кома и го даде своето прво интервју.

По неколку недели кома, бројни операции и борба за живот, Марија Ковалчук конечно се освести и почна да се сеќава на судбоносната ноќ.

Она што го кажа дополнително ги вознемири нејзините најблиски и ги потврди нивните сомневања дека не станува збор за несреќа, туку за брутално насилство.

Таа раскажа шокантна исповед за бруталното тепање што го доживеала, кога била претепана од синовите на бизнисмен од Донецк и руската „златна младина“.

Како што тврди таа во интервју за украинските медиуми, група млади мажи ѝ забраниле да ја напушти хотелската соба каде што се одржувала забава, каде консумирала алкохол и дрога, а кога се обидела да избега, ја стигнале и сериозно ја повредиле. Денес таа е на рехабилитација во Норвешка и е во инвалидска количка.

Таа раскажала дека тој ден се сретнала со група млади мажи во Дубаи откако го пропуштила летот за Тајланд. Еден од нив ѝ понудил да „среди“ приватен лет со авионот на неговиот татко, а во меѓувреме ја поканиле во хотелска соба на забава.


Според неа, таму биле браќата Артем и Олег Папазови, синови на бизнисмен од Донецк кој сега живее во ОАЕ, како и двајца млади мажи, Олександр Лаптински и Максим Крашениников. Максим ја напуштил собата пред инцидентот и, како што тврди Марија, не учествувал во насилството. Исто така, таму биле и две девојки, 19-годишната блогерка Олександра Меркалова и 16-годишната Милена Долганова.

Атмосферата на почетокот била пријателска, но следниот ден сè се променило.

„Почнаа агресивно да ме туркаат по рамената, велејќи ми 'наша си, ќе правиме што сакамe'. Скршија шишиња на подот, а потоа ми ги зедоа личните работи и пасошот. Олександра дури и ми го зеде фустанот и си замина во него“, изјавила Марија.

Кога се обидела да повика помош од балконот, насилно била влечена назад во нејзината соба. Искористувајќи го моментот, успеала да избега, истрчала од хотелот и се скрила во напуштена зграда, но набрзо ја пронашле двајца од друштвото.

„Се сеќавам како седнав на подот, ги слушнав нивните гласови, а потоа филмот едноставно престана. Веројатно ме удрија во главата. Следното нешто што го паметам е како го запрев автомобилот и молев за помош“, се сеќава таа.


Марија претпоставува дека била или брутално претепана или дури фрлена од висина, бидејќи повредите одговараат на една од тие две опции. Таа вели дека немало сексуално насилство, што го потврдиле и лекарите.

Откако минувачите ја пронашле сериозно повредена покрај патот, таа била однесена во болница. Таа преживеала неколку операции и првично не можела да зборува ниту да објасни што ѝ се случило.

Марија Ковалчук исчезна на 9 март, откако им кажа на пријателите дека оди на забава во хотел со двајца мажи кои се претставиле како агенти на модната индустрија. Таа ѝ кажала на мајка си, Ана, дека ќе преноќи кај нив.


Осум дена подоцна, таа беше пронајдена покрај пат во Дубаи и хоспитализирана. Денес, таа е на долгорочна рехабилитација во Норвешка и користи инвалидска количка.

„Не се сеќавам на сè, но сигурна сум дека се обидоа да ме скршат. Физички и психички“, рече таа на крајот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk