Поранешниот германски репрезентативец, Лотар Матеус (64) кој досега поминал низ четири разводи, на синоќешното доделување на „Златната топка“ во Париз се појавил со новата девојка, 26-годишната манекенка, Тереза Сомер која е 38 години помлада од него.
Тие неколку пати биле видени заедно во јавност, а германските медиуми во текот на летото ги прогласија за пар, иако никогаш официјално не ја потврдиле нивната врска.
На црвениот килим во Париз, Матеус се насмевнувал прегрнувајќи ја својата девојка, со што дефинитивно ги потврдил шпекулациите за нивната романтична врска.
Според нејзиниот профил на „LinkedIn“ Сомер студирала економија и менаџмент на Кингс колеџот во Лондон пред да запише психологија на Универзитетот Дарам.
Од друга страна животот на Матеус надвор од теренот бил доста бурен, со оглед на тоа што поранешниот германски капитен поминал низ пет разводи.
Тој се оженил со првата сопруга Силвија во 1981 година, со која добил две ќерки: Алиса (1986) и Виола (1988), но се развеле во 1992 година.
Потоа поранешниот ас на Баерн и Лолита Морена, швајцарска манекенка и телевизиска водителка која ја претставувала својата земја на „Miss Wolrd“ во 1982 година и на „Miss Universe“ една година подоцна, се венчале во 1994 година, но се развеле во 1999 година.
Додека во 2003 година, Матеус се оженил со Маријана Чолиќ, но се развеле откако тој почнал да се забавува со манекенката Кристина Лилијана Чудинова, со која и се оженил во 2009 година.
Во 2014 година по петти и последен пат се со оженил Анастасија Климко, од која се развел во 2021 година.