Кога ќе видите колку се платени јутјуберите во последните 4 години, нема да ви се оди на работа...

Супермен

26/09/2025

09:37

1.066

Големина на фонт

а а а

Јутјуб во последните четири години исплатил неверојатни 100 милијарди долари на креаторите, уметниците и медиумските куќи.

Оваа вест била објавена на настанот „Made on YouTube“ во Њујорк, каде платформата претставила и низа нови алатки создадени од вештачката интелигенција кои треба да го олеснат создавањето содржини.

Гледање на телевизија како причина за заработка

Според овој видео-гигант, голема причина за растот на исплатата било гледање на содржини на телевизија. Со оглед на тоа што сѐ повеќе луѓе го користат Јутјубот на своите ТВ-екрани, бројот на канали кои заработуваат над 100.000 долари годишно само од гледање на телевизорите се зголемил за дури 45 отсто во однос на претходната година.

Џоана Вулич, главна директорка на производите на Јутјуб, ги пофалила креаторите затоа што ја преобликуваат културата каква што ја познаваме.

„Креаторите ја обликуваат културата и забавата на начини за кои не мислевме дека се можни“, изјавила таа.

Новите алатки со вештачка интелигенција

Освен финансиските податоци, Јутјуб искористил да ги претстави новитетите поврзани со вештачката интелигенција кои би можеле да го сменат начинот на којшто содржината се создава.

За „Shorts“ форматот на вертикално видео во стилот на ТикТок креаторите сега ќе можат да користат АИ за претворање на исечоците во професионална монтажа, заедно со музика, преоди и гласовни записи.

Интеграција на „Veo 3“ и контроверзи

Најновиот генератор на AI видеа на „Google“, „Veo 3“ се интегрира во „Shorts“. Оваа технологија користи дел од огромната видеотека на Јутјуб за самостојно учење, што веќе предизвикало одредени контроверзи.

Претходно годинава, според „CNBC“ многу од креаторите изјавиле дека не се свесни дека нивните содржини се користат во таа цел.

Бројките се неверојатни – само минатата година, извршниот директор на Јутјуб Неал Мохан открил дека платформата исплатила 70 милијарди долари на креаторите меѓу 2021 и 2024 година, а до денес тој износ пораснал за дополнителни 30 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk