[ФОТО] Саша Барон Коен по разводот се забавува со 26 години помладата „OnlyFans“ ѕвезда: „Среќен е што е во врска со неа“

Супермен

26/09/2025

13:46

1.503

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер и комичар Саша Барон Коен (53) по разводот со Ајла Фишер е во врска со 26 години помладата „OnlyFans“ ѕвезда, Хана Палмер. Папараците ги фотографирале додека излегувале од ресторан.

Извор за „The Sun“ изјавил дека парот добро се согласува, и покрај значајната разлика во годините. Тие се запознале минатиот месец на прославата на 50-тиот роденден на актерот Таика Ваитити на Ибица.



На забавата присуствувале само негови блиски пријатели, меѓу кои Кејт Мос, Мет Дејмон, Себастијан Стан и Наташа Лион.

„Хана е многу забавна девојка и паметна онолку колку што е убава. Саша е многу среќен човек што е во врска со неа“, додал изворот.


Саша Барон Коен и Ајла Фишер во јуни оваа година објавија заедничко соопштение во кое наведоа дека нивниот развод е финализиран. Напишаа дека се горди на сè што постигнале заедно и дека негуваат голема почит еден кон друг додека заеднички ги одгледуваат своите деца.

Веста за разводот беше објавена во април 2024 година. Тие имаат три деца: ќерките Олив и Елула и синот Монтгомери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk