Стив Џобс беше познат по визијата, креативноста и неуморното тежнеење кон совршенството, а неговата работа ја трансформираше индустријата на компјутерите, музиката, телефоните и анимацијата.
Стив Џобс беше еден од највлијателните претприемачи и иноватори на своето време. Роден во 1955 година, беше основач на компанијата „Apple“ која ја смени технологијата преку производите како „Mac“ компјутерот, потоа „iPhone“ и „iPad“.
Џобс беше познат по визијата, креативноста и неуморното тежнеење кон совршенството...

Иако почина во 2011 година, неговото влијание и иновации и денес инспирираат милиони луѓе ширум светот. Неговите зборови изговорени пред 30 години денес звучат како да се напишани за германската автомобилска индустрија.
Во едно интервју Џобс тогаш укажал на проблемот којшто сега се препознава во компаниите како „Mercedes“ и „BMW“.
Тој предупредил дека големите претпријатија често се обидуваат да го повторат својот успех така што ги институционализираат процесите, но притоа го заменуваат самиот процес со резултатот. Според неговите зборови, тоа е рецепт за стагнација и денес неговата мисла се покажала исклучително актуелна.
Автомобилскиот консултант Филип Расч којшто работел и за „Mercedes-Bez“, истакнува дека германската автомобилска индустрија е заробена во сопствените процедури.
„Во компаниите настана култура во која процесот станува цел самиот на себе. Фокусот е на перфекцијата на постоечките процедури, а не на создавање револуционерни производи. Сега тоа ни се одбива од глава“, вели Расч.
Ваквиот пристап функционира во стабилни околности, но во време на радикални промени, преминувањето на електрични возила, развој на автономно возење и нови американски царински прописи, крутите процеси стануваат погубни.
Додека германските произведувачи се губат во бирократијата и бесконечните состаноци, конкуренцијата развива иновативни производи.
Расч нагласува дека многу состаноци од 20-на учесници често носат никакви одлуки затоа што сѐ мора да се прави по хиерархија.

Поголем дел од вработените се занимаваат само со собирање и проследување на информациите, додека пак мал дел од вработените создаваат вредност.
Резултатот е бавна реакција во моментот кога брзината е клучна конкурентска предност.
Сега германската автомобилска индустрија е пред предизвик: Да се ослободи од процесната парализа и повторно да создаде развој на иновативни производи во прв план доколку сака да остане лидер во светот којшто брзо се менува.