Поранешниот извршен директор на „Google“ Ерик Шмит, се нашол во центар на скандал откако поранешната партнерка Мишел Ритер го обвинила за прогонување, психичко малтретирање и поставување систем на дигитален надзор со којшто, како што тврди, го контролирал секој сегмент од нејзиниот живот.
Според пишувањата на „New York Post“, конфликтот меѓу поранешните партнери прераснал во судски процес исполнет со обвиненија за вознемирување, финансиски спорови и неуспех на заеднички стартап од областа на вештачката интелигенција.
Ритер, која со Шмит имала повремена врска додека тој сѐ уште бил во брак со сопругата Венди, минатата година побарала привремена забрана за приоѓање.
Во документите навела дека Шмит го користел своето знаење и техничка моќ да ги наѕира нејзините приватни разговори и ѝ ограничил пристап кон деловните и финансиски ресурси.
„Ве молам да ја земете предвид техничката стручност на Ерик. Буквално не можам да направам ниту еден приватен повик ниту да испратам електронска пошта без надзор“, навела Мишел во пријавата.
Според тој извор, на почеток на декември 2024 година, поранешниот пар постигнал писмен договор според кој Шмит треба да ѝ исплати значајна сума на пари.
Деталите од тој договор останале доверливи. Само една недела претходно Ритер поднела и барање за забрана за приоѓање поради семејно насилство, но сепак ја повлекла три недели подоцна, откако постигнале договор.
Former Google CEO Eric Schmidt, 69, plowed more than a $100 million into rumored girlfriend Michelle Ritter's business (Eric and Michelle seen in 2023) pic.twitter.com/jdIC5OvTsm
— Spot On Updates (@Spot_On_Updates) May 21, 2024
Ритер тврди дека Шмит го заклучил нејзиниот стартап „Steel Petrol“ на страницата во којшто претходно вложил дури 100 милиони долари. Исто така го обвинила дека барал да потпише забрана за говорење за сексуалното вознемирување и ја принудувал да напише лажна изјава со која би негирала дека имало некаков таков напад.
Правниот тим на Шмит којшто го предводи познатата адвокатка Патрициа Глејзер од Лос Анџелес, тие обвиненија ги нарекол „целосно неосновани“ и поднел барање поголем дел од судската документација да се запечати. Судот треба да одржи сослушување во декември.
Google’s ex-CEO Eric Schmidt sued for abuse, stalking — Who is Michelle Ritter? https://t.co/fIMU2LMBKG
— Financial Express (@FinancialXpress) October 21, 2025
Судските документи покажуваат дека Мишел во текот на врската живеела во луксузната вила на Шмит во Бел Ер, купена за 61 милион долари од семејството Хилтон.
Вилата со 1.400 метри квадрати, со дури 13 спални соби, била уредена во класичен холивудски стил и вклучувала детали кои Мишел ги додала – црвен кревет во облик на усни, орман со гитара и шарени неонски написи „love“ кои ги понеле од фестивалот „Burning Man“.
Ритер барала исклучиво право на користење на вилата и заштита од својот германски овчар Хенри.
Според „The Information“ таа и натаму живеела во таа куќа во август 2024 година. Конечното рочиште пред Врховниот суд во округот во Лос Анџелес е закажано за декември.