[ФОТО] Новиот „Honda CB1000F“ е прекрасен ретро мотоцикл со „Fireblade“ мотор

Супермен

22/10/2025

14:45

488

Големина на фонт

а а а

Хонда се враќа на своите корени и го претстави она што би можело да биде најубавиот и највозбудливиот ретро мотоцикл што го има изработено во последно време.

Станува збор за новиот „Honda CB1000F“, кој е поголемиот и поелегантен брат на новиот „CB500 Super Four“.

За разлика од „CB1100 RS“ од другите пазари, кој е повеќе нео-ретро модерен „naked“ мотоцикл, новиот „CB1000F“ му оддава почит на „CB750F“, оригиналниот четирицилиндричен мотор на Хонда, од кој се изведени модели како „CB400 Super Four“, „CB650R“ и „CB1300“.



Хонда отсекогаш имала ретро мотоцикли во својата понуда, но овој е малку поинаков. „CB1000F“ е прекрасен израз на класичниот дизајн. Има поаголна и поизвајана форма и како да „вика“ дека им припаѓа на мотоциклистите од осумдесеттите. Тука е тој кружен преден фар, остриот резервоар за гориво, цврстото седло и агресивниот заден дел. Изгледа апсолутно прекрасно, и ако има нешто што би можело да се смени, тоа би биле страничните ретровизори.



Доколку пак посакуваме целосно класичен стил, би ја замениле и таа инструмент табла со аналогни мерачи. Но, секако, модерната технологија е неопходна кај еден современ мотоцикл. Барем тој модерен изглед донекаде се вклопува со недостатокот на тркалезни странични ретровизори… нели?


Како и да е, кога сме кај модерната технологија, главната единица е пет-инчен TFT дисплеј со можност за поврзување со паметни телефони преку „Honda RoadSync“, што е речиси стандардно кај поновите модели на Honda. Исто така, има и паметен клуч, кој е доста практичен, но може да го наруши целосното ретро искуство.


Како и да е, потребна ви е сета таа технологија заедно со безбедносни карактеристики како двоканален „ABS“ (со ABS за свиоци) и „Honda Selectable Torque Control“ кога возите мотоцикл со четирицилиндричен мотор од 1.000 cc со течно ладење. Овој мотор испорачува 122 коњски сили при 9.000 вртежи во минута. Тоа е истиот мотор како кај „CBR1000RR Fireblade“, иако малку „ослабнат“. Моторот е поврзан со шестстепен мануелен менувач со помошно/лизгачко квачило.



„CB1000F“ располага со технологија „ride-by-wire“ и е опремен со предни виљушки „Showa SFF-BP USD“ од 41 мм и заден амортизер „Showa со „Pro-Link“ систем. Исто така, има три различни режими на возење – стандарден, дождлив и спортски – со уште две претходно прилагодлви опции според желбата на возачот.



Силата на сопирање ја обезбедуваат два предни диска од 310 мм со четириклипни радијално монтирани сопирачки шепи од Нисин и еден заден диск од 240 мм со едноклипна шепа од Нисин. Мотоциклот тежи 214 кг кога е влажен и има резервоар за гориво од 16 литри. Растојанието од тлото е 135 мм, додека висината на седиштето е 795 мм или 31,29 инчи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk