Што се случува со криптовалутата зад која стои синот на Трамп: Целосен колапс за 26 минути

Супермен

03/12/2025

17:30

529

Големина на фонт

а а а

Криптовалутата „American Bitcoin“, зад која стои Ерик Трамп – синот на американскиот претседател Доналд Трамп – доживеа пад од повеќе од 50 проценти на берзите, а многумина се прашуваат што го предизвика ваквиот драматичен пад.

За само 26 минути тргување во вторникот, „American Bitcoin“ изгуби над половина од својата вредност.

И акциите на компанијата се под значителен притисок: паднаа за 55,49% во последниот месец и за 61% во последните шест месеци.

Според објава на компанијата на „X“, акциите издадени преку приватен пласман пред спојувањето на „American Bitcoin“ со „Gryphon Digital Mining Inc.“ биле пуштени во слободно тргување во вторникот. Токму тој момент го активирал негативниот процес.


Крајот на периодот на блокада на одреден дел од акциите често создава зголемена волатилност, бидејќи малите инвеститори тоа го гледаат како сигнал за продажба.

Тие стравуваат дека раните инвеститори, кои сега можат слободно да ги продадат своите удели, би можеле да остварат профит, што дополнително би вршело притисок врз цената на акциите.

„Ги задржувам сите мои акции од ‘American Bitcoin’. Сто проценти сум посветен на водењето на оваа индустрија“, објави Ерик Трамп на „X“.

Во изминатите два месеца, поширокиот пазар на криптовалути нагло падна – околу 25% за референтниот „Bitcoin“ – но токените поврзани со семејството Трамп паднале далеку повеќе.

„World Liberty Financial“, проект чиј коосновачи се Доналд Трамп и неговите синови, забележа пад од 51% кај WLFI токените споредено со врвот од почетокот на септември – значително повеќе од падот на „Bitcoin“ и на поширокиот сегмент на помали криптовалути.

„Alt5 Sigma“, уште еден потфат поддржан од синовите на Трамп, паднал за околу 75% поради растечките правни проблеми.

Во меѓувреме, меме монети инспирирани од претседателот и првата дама Меланија Трамп бележат уште поекстремен пад – околу 90% и 99% во однос на нивните максимуми од јануари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk