Таинствената “врата на пеколот” го убивала секое живо суштество кое ќе се приближело – сега конечно е откриено и зошто

Точка

23/02/2018

15:03

5.222

Големина на фонт

а а а

Пештерата која се наоѓа во близина на античкиот храм во Турција е наречена “врата на пеколот” бидејќи го убивала секое животно кое ќе се приближило до неа, а причината за тоа со години била неразјаснета.

“Вратата на пеколот” се наоѓа во рушевините на античкиот град Хиераполис, а во древните времиња се користела за принесување жртви на богот на подземјето - Плутон. 

Кога луѓето ќе довеле бик или коза до таинствената пештера, животните веднаш умирале, но не и свештениците кои ги носеле. Луѓето кои премногу се приближувале до пештерата, исто така умирале.


“Пештерата е полна со магла, која е толку густа што едвај се гледа тлото. Секое животно кое ќе влезе во неа, веднаш умира. Кога пуштив врапче во неа, во истиот момент падна на земјата” – напишал старогрчкиот историчар Страбо.

Во тоа време се верувало дека смртоносниот здив на Плутон ги убива животните.

Археолозите кои го истражувале Хиераполис и самите се увериле во смртоносното дејство на пештерата, кога виделе дека птиците веднаш умираат по влегувањето во неа.

Вулканологот Харди Пфанц од германскиот универзитет во Дуизбург-Есен, ја објаснува оваа необична појава преку испарувањето на огромна количина на јаглерод диоксид, настанат преку сеизмичката активност на подземјето.


Мерењата покажале дека концентрацијата на јаглерод диоксид е најголема на висина од 40 центиметри од тлото, и тоа наутро кога, како што тврдат научниците, би можела да убие човек за само една минута.

“Свештениците во текот на жртвувањето на животни стоеле на високи камења и со тоа се чинело дека тие имаат волшебни моќи. На таа висина, тие можеле да стојат од 20 до 40 минути, без никакви опасности. Никој не можел да влезе во пештерата без да се задуши, но доколку би го задржале воздухот, тие би можеле да влезат внатре до висина на струкот”, објаснил професорот Пфанц.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk