Вистински хакер открива што не смееме да објавуваме на Интернет и како најдобро да се заштитиме од хакерските напади

Супермен

06/12/2018

16:35

1.280

Големина на фонт

а а а

Стефани Карутерс е "белиот шешир" помеѓу хакерите и нејзини клиенти се многубројни компании, а сега одлучила да сподели со нас неколку трикови за поголема безбедност на Интернет.

"Бел шешир" помеѓу хакерите е хакер со етика. Таа се занимава со тестирање на безбедноста на компаниите и нивните системи и настојува да ги "провали" за да не укаже на нивната слабост. 

"Никогаш не би можела да кажам дека е невозможно да ме хакираат. Пробивањето на податоци се случува секоја минута и поради тоа сметам дека никогаш нема да биде доволно безбедност онлајн. Поради тоа јас ги преземам сите можни мерки за да се заштитам", рекла таа.


Истакнала дека голема е опасноста со која се изложуваме како корисници на Интернет, всушност фотографиите кои ги објавуваме. Тинејџерите и нивните родители често од гордост ги фотографираат нивните возачки дозволи на кои се напишани адресите и други лични податоци. Луѓето кои купувале нови имоти често ги фотографираат своите домови и клучеви од истите, а не се свесни колку лесно можат да се направат копии од клучевите на основа на фотографија од истите.

Вработените често се фотографираат во работните простории и не обрнуваат внимание на тоа што се наоѓа во позадина и кои податоци поврзани за фирмата ги откриваат.


"Луѓето на Интернет никогаш не би смееле да објавуваат некои содржини, а за тоа не размислуваат многу добро пред да објават. Мора да бидете свесни сè што откривате во позадината на фотографијата", рекла таа.

За да се заштитите себе си на Интернет потребни Ви се добри лозинки. Таа советува никако да не ја користиме истата лозинка на повеќе места. Мора да лажеме кога одговараме на безбедносните прашања, бидејќи не мораме да го напишеме девојачкото презиме на мајката. Наместо тоа ставете некој збор кој е тешко да го погодите. Секаде каде е можно активирајте двојна идентификација пред отворање на профилот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk