"Уникатен" изглед: Ова се најгрдите модели на автомобили некогаш произведени

Супермен

13/12/2018

10:12

4.204

Големина на фонт

а а а

Иако за вкусовите не се расправа, постојат автомобили кои сепак се нашле на листата на најгрди модели. За овие осум одлучиле љубителите на автомобили на интернет, а листата набрзо наишла на големо одобрување од интернет публиката.

Педесеттите и шеесетите години на минатиот век беа период во кој се направени најмногу автомобили кои го добиле епитетот "грди". Америка, Велика Британија и Кина се водечките држави на листата на оние кои дизајнирале не толку привлечни моторни возила. 

Британците дизајнирале автомобил на три тркала кој ретко ќе го видите на улица бидејќи веројатно никој не би го одбрал за свое "милениче".


"Austin Allegro" изгледа како типичен пример на автомобил од шеесетите години, но е ретко гледан на улиците, како во тоа доба така и денес.


"Amc Pacer" е автомобил кој има поголема ширина отколку должина, а примарната функција му била да понуди луксуз и комфор во мало пакување.


"Shuanghuan Sceo" е комбинација од BMW X5 и X3 со додатоци од Toyotа Land Cruiser и е доказ дека за убав автомобил е сепак потребно да имате оригинална идеја.


"Pontiac Aztek" има неправилен облик и изгледа како да е дизајниран со случаен избор на делови за автомобили.


"Fiat Multipla" е еден од најпрактичните автомобили кој во истовреме изгледа многу непривлечно.


"Tatra T603" е наследник на автомобилот кој го нарекувале "Cyclop" и има многу гласен мотор.


"Saab 92" е еден од првите во низата непривлечни модели кои многу му контрирал на квалитетниот живот и стандард во Шведска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk