Lexus RC F Track Edition може да биде достојна замена за чудесниот модел LFA

Супермен

14/01/2019

13:35

1.051

Големина на фонт

а а а

Lexus ќе го претстави новиот модел наречен RC F Track Edition на саемот на автомобили во Детроит.

Новото долгоочекувано издание на легендарниот модел Toyota Supra не е единствената новост која ќе ја претстави јапонскиот автомобилски гигант на саемот, бидејќи од филијалата на Toyota, под саемските рефлектори пристигнува и “хардкор” изданието на купето RC F. 


Позади додатокот Track Edition се крие RC F со редизајнирана каросерија, оптимизирана аеродинамика и намалена тежина, а спортскиот автомобил кој би можел да послужи како достојна замена за легендарниот модел на Lexus – LFA, е резултат на континуираниот развој кој трае во последните неколку години.

RC F Track Edition го придвижува 5-литарски атмосферски V8 мотор кој располага со 478 коњски сили и повеќе од 530 Nm максимален вртежен момент. За пренос на силата на задната осовина е задолжен рекалибриран осумстепен автоматски менувач, а со помош на системот Launch Control, автомобилот од 0 до 100 км/ч. пристигнува за 3,9 секунди.


За намалената маса првенствено е заслужен карбонот од кој е направен поклопецот на моторот, кровот и предниот и задниот спојлер.

Помеѓу деталите кои Lexus ги нуди само со RC F Track Edition спаѓа црвената кожа во кабината, а автомобилот ќе се нуди во само две бои на каросеријата (бела и сива). Производството на моделот ќе започне во вториот квартал наредната година, а цената сѐ уште не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk