Сериски убиец во својот стан чувал распарчени тела на проститутки, а случајно го разоткриле пожарникарите кои интервенирале во неговата зграда

Супермен

11/02/2019

15:26

1.777

Големина на фонт

а а а

"Der goldene Handschuh", новиот филм на турско-германскиот режисер Фатих Акин, се занимава со животот на германскиот сериски убиец Фриц Хонке. Во 70 години на минатиот век убивал проститутки во Хамбург, а доколку во неговата зграда не избиеше пожар можеби никогаш не би бил откриен.

На 15 јули 1976 година пожарникарите биле повикани на интервенција откако се запалил стан на претпоследниот спрат од зградата. Додека проверувале дали пожарот го опфати и станот кој се наоѓаше на погорниот спрат, пронашле полураспаднато женско торзо завиткано во пластична кеса. Веднаш била повикана полицијата, а сопственикот на станот бил уапсен откако се вратил од работа. 

Се открило дека во станот сокривал уште тела, така што очигледно најмалку убил 4 жени во периодот од 1970 и 1975 година. Сите негови жртви биле проститутки, чие исчезнување никој не го пријавил и би било многу веројатно доколку не беше пожарот, Фриц во иднина би продолжил со убивање.


Првото убиство се случило во декември 1970 година, а негова жртва била Гертрауд Брауер, фризерка која повремено се занимавала со проституција. Подоцна признал дека ја убил, бидејќи не сакала да има сексуален однос со него. Нејзиното тело било распарчено, а потоа деловите ги сокрил во околното подрачје. Полицијата тогаш ги пронајде деловите од телата, но убиецот не бил пронајден.

Четири години подоцна ја задавил 54 годишната проститутка Ана Беушел, а набрзо после тоа на ист начин убил уште две жени. Сите три тела ги распарчил и ги сокрил во својот стан. Кога соседите започнале да се жалат на непријатна миризба, се обидувал да ја прикрие со голема количина деодорант.


Хонке бил висок само 1,65 метри, а со оглед на тоа дека бил искомплексиран поради својата висина преферирал ниски жени. Исто така, сакал да немаат заби, бидејќи се плашел дека некоја од нив ќе го повреди за време на оралниот секс. Тој бил тежок алкохоличар, а своите жртви обично ги наоѓал во барот под името "Златна алка" како што е и името на филмот.

За време на судењето изјавил дека ги убил, бидејќи "го исмевале тоа што повеќе сака орален секс, отколку вистински". Тој е прогласен за виновен на четири убиства и осуден е на 15 години затвор.


Ослободен беше во 1993 година, а своите последни години од животот ги поминал во дом за стари лица под името Питер Јенсен. Починал во една хамбуршка болница во октомври 1998 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk