“Хот-хеч” премиера: Ford го претстави најмоќниот Focus ST некогаш

Супермен

18/02/2019

11:05

1.512

Големина на фонт

а а а

Ford објави фотографии и технички податоци од спортската, ST верзија на новиот Focus кој ќе биде достапен со бензин и дизел мотор.

Новиот Focus ST беше претставен откако минатата есен “шпионските” фотографии на немаскираниот автомобил го открија надворешниот изглед на овој модел. Со оглед дека дизајнот не бил тајна, најголемата новост е воведување на четирицилиндричен 2.3-литарски EcoBoost турбо бензинец кој го замени претходниот 2.0 бензински мотор. 


Новата погонска единица произведува 280 коњски сили при 5500 вртежи во минута и развива 420 Nm максимален вртежен момент. Како што пресметале од автомобилскиот гигант, тоа ја зголемува силата на вртежниот момент од 12% на 17%, во споредба со својот претходник. Произведувачот наведува дека новиот Focus ST забрзува од 0-100 км/ч. за помалку од 6 секунди, не прецизирајќи го точното време.


За купувачите кои претпочитаат дизел, Ford припремил и верзија со четирицилиндричен 2.0-литарски EcoBlue турбо мотор. Овој агрегат испорачува 190 коњски сили при 3500 о/мин., додека максималниот вртежен момент изнесува 400 Nm. Овие погонски единици доаѓаат во пар со шестбрзински мануелен менувач или опционен седумстепен менувач.

Новиот Ford Focus ST ќе го има своето деби пред публиката на претстојниот саем на автомобили во Женева, а ќе биде достапен во хечбек варијанта со 5 врати, како и во караван верзија. Продажбата на европскиот пазар започнува на лето, а цените засега не се соопштени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk