На чекор од суперспортистите: Хибридниот Peugeot 508 – до 100 км/ч. за 4,3 секунди

Супермен

21/02/2019

14:22

1.462

Големина на фонт

а а а

Францускиот произведувач го претстави концептот Peugeot 508 Sport Engineered со хибриден погон и спортски перформанси, во пресрет на официјалната премиера на ова возило закажана за женевскиот автомобилски салон.

Новиот хибриден концепт е дело на одделението Peugeot Sport, а автомобилот се заснова на серискиот модел 508 Hybrid. Срцето на погонскиот систем го сочинува четирицилиндричен 1.6-литарски PureTech турбо бензинец со 200 коњски сили во комбинација со два електромотори. 


Послабиот, со своите 110 коњски сили се движи на предните тркала, додека другиот од 200 коњски сили ја пренесува силата на задните осовини, што на овој автомобил му обезбедува и погон на сите 4 тркала.

Иако вкупната сила на трите погонски единици изнесува над 500 коњски сили, францускиот произведувач вели дека во реалноста, на возачот му стои на располагање комбинирана сила од околу 400 “коња”.


Максималниот вртежен момент е 500 Nm, а Peugeot тврди дека 508 Sport Engineered Concept од состојба на мирување до 100 км/ч. забрзува за само 4,3 секунди, пред да ја достигне најголемата, електронски ограничена брзина од 250 км/ч.

Концептот е опремен со погонски батерии со капацитет од 11,8 kWh, што му овозможува во чисто елетричен режим на возење да прејде и до 50 километри.

Овој автомобил ќе биде изложен на штандот на францускиот произведувач на претстојниот саем во Женева, а не е соопштено дали е во план продукциска верзија или 508 Sport Engineered ќе остане само уште едно концептно возило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk