Скандал на Јутјуб: Дизни, Нестле и Мекдоналдс ги повлекоа рекламите откако било откриено дека педофили безбедно објавуваат порнографија

Супермен

22/02/2019

14:02

2.293

Големина на фонт

а а а

Јутјуб моментално е во фаза на санирање на шетата која настана откако неколку компании вклучувајќи ги Дизни, Нестле, Мекдоналдс и игрите Епик, одлучиле да ги повлечат рекламите како одговор на обвиненијата дека платформата е место на кое педофилите безбедно се кријат пред нивни очи.

Многу големи корпорации привремено ги суспендирале сите реклами на Јутјуб откако Wired ги извести дека нивните реклами биле објавени пред видео снимки од малолетници, на возраст од пет години кои изведуваат сексуализирани верзии од секојдневни активности. 

"Сосема сме ужаснати и се обративме во Јутјуб за тоа веднаш да биде поправено", соопштено е од Гармарли, а од Светскиот бизнис форум е речено дека е страшно што педофилите го користат Јутјуб за своите криминални активности.


Извештајот на блогерот Метс Вотсон кој е прикажан речиси два милиони пати откри коментари на стотина илјади корисници кои споделуваат временски ознаки од своите омилени моменти, обично уловувајќи девојки во компромитирачки позиции и нивните контакти во апликациите за шифрирани пораки како WhatsApp, кој неодамна претрпи сопствен порнографски скандал.

"Ќе погледнете едно видео и Јутјуб препораките сами ќе ве одведат низ педофилска детска дупка. Некои од нив имаат милиони прегледи", вели Вотсон.

"Веднаш преземавме мерки бришејќи ги профилите, каналите и нелегалните активности се пријавени кај властите, а оневозможуваме и негативните коментари", беше кажано од компанијата Јутјуб.

Портпаролот на Јутјуб тврди дека најмалку 8.000 долари се потрошени на видеа во последните 60 дена и вети дека парите ќе бидат вратени.

Јутјуб исто така објави нова политика за своите корисници ветувајќи бескомпромисни казни за оние кои ги кршат правилата на платформата, додавајќи детални описи што значи прекршување на правилата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk