Дали е ова најгрдото Lamborghini Urus некогаш произведено?

Супермен

15/03/2019

11:49

3.813

Големина на фонт

а а а

Мораме да се запрашаме како некој успеал да создаде волку грдо Lamborghini? Многумина велат дека дизајнерот на овој автомобил земал часови од Канје Вест.

Новото Lamborghini Urus SUV не е најубавата машина која може да ја поседувате со потпис на овој бренд, но сепак никој не може да го побие фактот дека моделот во себе содржи дизајнерска ДНК која е едноставно фантастична. Сепак, доколку го офарбате во непривлечна мат беж боја и му додадете сет од ужасни тркала, ќе го добиете веројатно најгрдиот Lamborghini Urus на светот.  

На интернет се појавија фотографии од Канје Вест со својот нов уникатен Urus. Она што се знае дека крем мат бојата е дело на “Chatsworth”, калифорниски специјалисти додека моноблок тркалата се дело на “Boyd Coddington Wheels”, а ги дизајнирал раперот лично. Ако мислите дека ова е доволно за автомобилот да биде прогласен за најлош, погледнете ја неговата внатрешност.

Стандардниот ултра луксузен сив ентериер е акцентиран со електрично сини детали, кои за многумина се неприфатливи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk