Шокантна изјава на еден од основачите на Фејсбук: “Доста е, време е да го изгасиме”

Супермен

10/05/2019

10:28

2.811

Големина на фонт

а а а

Крис Хјуз своевремено му помагал на Марк Закерберг да создаде голема социјална мрежа и познат бренд, но сега повикува на нејзино гасење.

Во колумната која ја објавил во “New York Times”, Хјуз вели дека Марк има “неверојатна моќ” и влијание во владите и дека е “време Фејсбук да се укине”. 

“Марк е добра, љубезна личност, но лут сум на него бидејќи неговиот фокус на растот на компанијата доведе до тоа да ја жртвува безбедноста на своите корисници поради кликови”, напишал Хјуз.

“Разочаран сум, од себе и од првиот тим програмери на Фејсбук, што не предвидовме како “News Feed” алгоритмите ќе ја променат нашата култура, ќе влијаат на изборите и ќе ги зајакнат националистичките лидери”, напишал основачот, додавајќи дека “Закерберг се опкружил со погрешни луѓе кои никогаш не му се спротивставуваат”.

Тој е само еден во низата поранешни извршни луѓе од социјалната мрежа кои повикале на построга регулација на Фејсбук и другите онлајн платформи, но Марк вели дека е отворен за регулации.

Во својата колумна за “Washington Post”, директорот на Фејсбук подцртал работи на кои би се согласил да ги промени на социјалната мрежа. Хјуз вели дека Закерберг сега има сопственост и контрола над 80 отсто од светскиот пазар на онлајн медиуми. Исто така, предложил американската влада да формира агенција која ќе ја надгледува работата на технолошките компании.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk