Играчка за богаташи: Оваа суперјахта има стаклени ѕидови, три базени и чини вистинско богатство

Супермен

22/05/2019

09:22

1.513

Големина на фонт

а а а

Суперјахтата “Калифорнија” е еден од најновите проекти на норвешкиот дизајнер Курт Странд. Таа веќе по димензиите отскокнува од вообичаените јахти: долга е 135 метри, а широка 19 метри.

За нејзината уникатност придонесуваат и елегантните линии, но и внатрешниот квалитет на 8000 тони тешкиот брод. 


Конструкцијата од челик и алуминиум има дизел/електричен погон, а благодарение на литиумските батерии од 60 тони, јахтата може да плови и до пет часа при брзина од 11 чворови на час. Соларните ќелии ги снабдуваат батериите со енергија, а како мотор служат три проперели сместени во гондолата под трупот на бродот.

На јахтата има место за 24 гости кои имаат на располагање кино сала, куглана, како и три базени од кои еден е со бранови.


Тука е и каскадниот водопад кој се спушта низ неколку палуби од задната страна, но и хелиодром на предната страна. Хеликоптерот, кој доаѓа заедно со бродот, со помош на лифт исчезнува во неговата внатрешност.

Јахтата има стаклени ѕидови и тераси, а според информациите на дизајнерското студио “Strand Craft”, трошоците за изградба се проценуваат на околу 400 милиони евра.


“Најголемите бродоградилишта на светот веќе покажаа интерес за проектот и се спремни да го реализираат”, вели 55-годишниот дизајнер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk