Новото истражување открива дека сексот за жените е подобар доколку истиот го разгледувате како “маратон“.
Во истражувањето објавено во магазинот „Дневник на сексуална медицина“ наведено е дека на мажите во просек потребни им се 6 минути да доживеат оргазам додека пак на жените 13.41 минута.
Можеби не звучи привлечно, но испитуваните дами кои имале околу 30 години, замолени биле на штоперица да го мерат времето од моментот на возбудување до климаксот.
Во текот на истражувањето дошле до заклучок дека потребни се помеѓу 12.76 и 14.06 минути додека околу 17 отсто од испитаничките не доживеале оргазам.
5 начини да натерате жена да доживее оргазам:
Женските хормони варираат во текот на утрото, попладнето и ноќта. Жената треба да биде слободна да откие во кој дел од денот се чувствува најенергично.
Многу од жените не можат да доживеат климакс затоа што не доживуваат директна стимулација на клиторисот. Наместо тоа, мажите може да ги користат врвовите од своите прсти или пак вибратор околу таа зона за да ја задоволат жената.
Жените кои се срамежливи мислат дека за да се опуштат треба да консумираат алкохол, но тоа не е точно. Всушност тоа ја намалува нејзината сексуална стимулација.
Пред да започнете со сексуалниот однос, експертите велат дека добро е да погледнете некоја добра комедија затоа што насмевката може да допринесе во опуштањето и стимулацијата.
Подгответе ѝ добар оброк па “нахранете ја“.