Се појавија фотографии од мистериозен концепт на “Mustang” од 1966 година, “Ford” не знае за што станува збор

Супермен

07/04/2020

14:29

2.649

Големина на фонт

а а а

“Chevrolet” минатата година – за првпат по речиси седум децении лансираше нов модел на “Corvette” со централно поставен мотор, со што целосно го промени концептот на овој легендарен автомобил.

Иако во дамнешните 60-ти години било експериментирано со концептни автомобили чиј мотор е сместен зад седиштето на возачот, на овој американски произведувач му требаа 66 години да се одлучи за таква конфигурација во продукцискиот модел на “Corvette”. 

Судејќи по неодамна пронајдените фотографии, “Ford” во истиот период, поточно во 1966 година, ја разгледувал опцијата за “Mustang” со централно поставен погонски систем.

“Ford Performance” на својот официјален сајт објави четири фотографии од овој концепт, но без приказна која би го појаснила потеклото и судбината на возилото.


Причина? Па ни тие немаат информации за автомобилот, освен она што може да се заклучи врз основа на фотографиите, а тоа е дека моторот наместо напред, како кај сите “Mustang” модели, е сместен зад седиштата на возачот и совозачот.

Покрај тоа, познато е само дека фотографиите настанале во дизајнерското студио во Дирборн на 2 мај 1966 година.


Тоа е и причината зошто “Ford” им се обрати на сите вљубеници во “Mustang” и добри познавачи на тој модел во обид да ја открие целосната приказна за интригантниот концепт.


Сите оние кои мислат дека знаат повеќе детали за автомобилот, “Ford” ги повикува да пратат мејл на ClubHub@Ford.com. Компанијата припремила и “посебна награда” доколку дадените информации им помогнат да ја пополнат празнината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk