Опседнат е со бизарен култ поради кој му пропаднаа сите бракови, сопругите и понатаму му ги бираат тие – за таа вера кружат разни гласини

Супермен

21/05/2020

14:20

4.750

Големина на фонт

а а а

Том Круз со години е посветен на Скиентолошката црква, поради што му пропаднал и последниот брак со актерката Кејти Холмс, со која што има и 14-годишна ќерка.

Холивудскиот актер Том Круз (57), останал во Лондон поради коронавирусот, откако беше одложено снимањето на продолжението на франшизата „Невозможна мисија“.

Бидејќи сите хотели се затворени, Круз останал во луксузното седиште на Скиентолошката црква во западен Сасекс.

Како што пренесуваат од „Daily Mail“, таму му се придружиле и неговите три сестри со нивните партнери и деца. Инаку, тие исто така се припадници на таа црква.

Том одлучил да го продолжи својот престој во Лондон затоа што неговиот пријател, водачот на верската заедница Дејвид е таму.


Актерот со него и неговото семејство го прославил и Божиќ и Нова година во Велика Британија.

Како што пренесуваат од „Daily Mail“, Круз во последниот период исто така размислува трајно да се пресели со своето семејство во Лондон. Тој и претходно имал луксузна вила со шест спални соби таму, но ја продал во 2016-та година за шест милиони долари.

Тој минатата година изјавил дека Велика Британија е одлична земја за живот. Инаку, неговиот внук исто така е дел од Скиентолошката црква, а Круз со него и останатиот дел од семејството ужива на имотот во Лондон чија обнова чинела 16 милиони долари.


Додека Круз ужива со тој дел од неговото семејство, очигледно е дека не се грижи толку многу за неговата сопствена ќерка Сури, а неколку пати во јавноста протекоа информации дека тој воопшто не се гледа со неа.

Том Круз зад себе има три пропаднати бракови, а во сериозна врска не бил уште од 2012-та година, кога се развел од Кејти.

Да ве потсетиме, Том претходно беше во брак со актерката Мими Роџерс, а потоа со Никол Кидман, со која има две деца. Том кон крајот на 2001-та година поднел документи за развод, наводно затоа што така го советувале од Црквата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk