Најубавата жена на светот продолжува со сексапилните фотографии – овојпат ги истакнала градите и природниот изглед

Супермен

27/05/2020

11:22

6.873

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Бела Хадид објави нови провокативни фотографии од карантинот во кој се наоѓа веќе два месеци поради пандемијата на коронавирусот.

Манекенката објавила необработени фотографии кои ги направила додека се сончала во дворот, а на нив позира во секси зелено бикини кое ѝ ги истакнува затегнатиот стомак, цврстите гради како и исончаниот тен. 

Хадид повторно го покажала својот долен дел од градите во костим за капење кој има прстен во средината, додека долниот дел од костимот бил со врвки кои го држеле да не падне. 


Покрај тоа, Бела објавила и видео снимки на кои се гледаат коњи, со оглед на фактот што моментално се наоѓа во природа и се изолира за да не се зарази со коронавирусот, кој ескалираше во САД. 

Манекенката која беше избрана за најубава жена на светот со совршено пропорционално лице, исто така објавила селфи без шминка на кое се гледаат нејзините пеги и природната убавина.

На оваа објава, Бела добила над милион лајкови и безброј коментари, додека на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 30 милиони следбеници. Манекенката неодамна објави уште една серија необработени фотографии на кои покажала дека и таа има целулит, стрии и не толку совршен стомак како и сите жени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk