Скоти Пипен: “Коби Брајант беше подобар од Мајкл Џордан”

Супермен

27/05/2020

12:26

1.948

Големина на фонт

а а а

Вниманието на кошаркарската јавност во последните два месеци беше пред сè насочено кон одличниот документарец “The Last Dance” кој се занимава со финалната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго Булс.

Поради тоа повторно се отвори дискусијата дали Џордан е навистина “најдобриот на сите времиња”. Многумина се приклучија да ја прокоментираат ваквата “GOAT” дебата, а воглавно доминира мислењето дека Мајкл Џордан е навистина над сите, додека повремено се слуша и по некој глас за Леброн Џејмс. 

Сепак, дали од дебатата непотребно е “исфрлен” Коби Брајант?


“ESPN” го смести покојниот кошаркар, кој трагично загина во јануари оваа година во хеликоптерска несреќа, на дури 9-то место на листата на најдобри кошаркари на сите времиња што е по малку потценувачки за еден петкратен НБА шампион.

Коби Брајант влезе во најсилната лига на светот во 1996 година, се обиде да го “копира” Џордан и ја заслужи неговата доверба, а “МЈ” веќе по првиот нивен дуел изјави дека “малиот ќе биде добар”. Истиот став го дели и најсаканиот соиграч на Џордан – Скоти Пипен, кој отишол чекор понапред со тврдењето дека Коби е можеби и најдобриот на сите времиња.

“Коби беше интелигентен тип и веруваше дека може да биде најдобар. Навистина мразам што не му кажавме колку беше одличен”, изјавил Пипен минатиот месец во интервју кое дури сега го привлече вниманието.


“Се обидуваше и се трудеше да биде Џордан. Кога ќе се вратам наназад и ги гледам старите снимки, си велам на себеси дека беше и подобар од Џордан. Толку вредно работеше, дојде од средно училиште, без да игра за извонредниот Дин Смит во Северна Каролина”, навел познатиот кошаркар на Чикаго.

Да беше ваквото интервју објавено подоцна, многумина би помислиле дека Скоти Пипен сака да му се “реваншира” на Џордан поради документарецот бидејќи смета дека не е верно прикажан во него.

Вака, веројатно само сакал да ги искаже никогаш кажаните пофалби за Брајант.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk