Уапсен омилениот лик од серијата „Пријатели“: „Нè пресретна полицијата и ни стави лисици...“

Супермен

02/06/2020

10:58

3.125

Големина на фонт

а а а

Младиот уметник го дал својот допринос во борбата за човекови права и ''платил'' за тоа.

Младиот актер Кол Спрауз, кој што во јавноста е познат по улогата на синот на Рос, Бен, во серијата „Приајтели“, бил уапсен во текот на демонстрациите во Санта Моника во неделата.

Овој 27-годишен актер бил дел од групата демонстранти кои што се собрале држејќи транспаренти со ликот на Џорџ Флојд викајќи: „Не можам да дишам“.

Кол своите фанови во врска со таа ситуација ги известил сам по пат на социјалната мрежа Инстаграм.


„Група мирни демонстранти, вклучувајќи ме и мене, уапсена е. Пред да почнат медиумите да го претвораат ова во сензационална вест за мене, постои јасна потреба да проговорам за околностите: ''црните'' животи се важни.

Ме уапсија додека покажував солидарност, како и многу други во Санта Моника. Ни дадоа опција да си одиме, потоа нè предупредија дека ќе бидеме уапсени доколку не го направиме тоа. Некои се обидоа да си заминат, но нè пресретнаа други полицајци кои ни оневозможија да си заминеме и ни ставија лисици.

Ова морам да го нагласам како хетеросексуален маж и јавна личност, последиците од моето апсење ќе бидат никакви во споредба со многуте од оние кои што учествуваа во движењето.

Ова нема никаква врска со мене. Ова е време кога се поддржуваме едни со други, кога ситуацијата ескалира, им даваме поддршка на другите и ја правиме потребната работа. Ова е време да размислиме што значи да се биде сојузник со некој. Се надевам дека другите кои што се на мое место ќе го направат истото“ - напишало младото момче во својата објава. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk