Секој ден прескокнувал јаже – еве што сфатил по еден месец

Супермен

03/07/2020

12:44

4.226

Големина на фонт

а а а

Брендан Џоунс се свртел кон едноставен реквизит – тој зел јаже за прескокнување и одлучил да се предизвика себеси.

Џоунс решил секој ден да вежба со јаже во рок од еден месец, за да дознае дали ваквиот тренинг ќе има некаков ефект на неговото тело. 

“Прескокнувањето на јаже е една од најпотценетите вежби. За почеток е многу едноставна и може да се изведува било каде, а активира повеќе делови од телото за разлика од многу други вежби”, тврди тој.

Обликот на кардио тренинг кој го практикува Брендан е 30-минутно џогирање, но имал чувство дека прескокнувањето на јаже ќе му донесе поголеми резултати. За таа цел составил план кој се состоел од 3-минутно прескокнување на јаже со 1 минута одмор помеѓу сериите. Како што вели, првиот ден се уморил по првиот круг.

“Не очекував да биде толку тешко”, вели Џоунс.

По една недела започнал да прави и вежби за истегнување за да го издржи напорниот ритам, а потоа ја променил рутината – еден ден правел умерени, а еден ден интензивни прескокнувања на јаже.

По еден месец резултатите не изостанале. Останатите вежби ги правел со поголема леснотија, а пулсот во мирување му се намалил на 57 отчукувања во минута.

“Ако барате ефективна кардио рутина, мислам дека апсолутно вреди да испробате вежбање со јаже. Јас ќе продолжам да го правам тоа”, заклучил Џоунс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk