Ќерката на поранешниот обожуван холивудски пар била ѕвезда на плажа, дежурните папарацо фотографи „уловиле“ интересни пози

Супермен

18/01/2021

14:16

5.237

Големина на фонт

а а а

Скаут Вилис била фотографирана на една од плажите во Малибу, каде што сончевото попладне го поминала во друштво на своето куче кое што го нарекла „Grandma“ (баба).

Ќерката на поранешниот холивудски пар Деми Мур и Брус Вилис, 29-годишната Скаут Вилис, одлучила сончевиот викенд да го искористи за уживање на плажа во Малибу и на полнење на батериите, а друштво ѝ правело нејзиното преслатко кученце Grandma.

Но, тоа што на другите им го привлекло вниманието било тоа што Скаут носела едноделно бикини во кое што до израз дошла нејзината фигура која што е беспрекорна.


Таквата сцена не ја препуштиле ниту дежурните папарацо фотографи кои што успеале да „уловат“ некои нејзини интересни пози.

Скаут на плажата била без своето момче, музичарот Џејк Милер, а очигледно тој како и таа, одмораат од активноста на социјалните мрежи.

Имено, парот често објавува заеднички фотографии и нови содржини на социјалната мрежа Инстаграм и сите велат дека се прекрасни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk