Убавата актерка поради него го напушти својот сопруг и трите деца: Цел свет се прашува – што видела во него?

Супермен

11/03/2021

13:02

6.437

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс (34) веќе неколку месеци ужива во романсата со музичарот Машин Ган Кели (30). Поради него актерката се разведе од актерот Брајан Остин Грин со кој што има три деца.

По веста дека Меган го напуштила сопругот поради овој музичар, следеше бура реакции на интернет. Нејзините фанови не се воодушевени од новата љубовна врска, а многумина се прашуваат што видела таа во него и како можела да го напушти Брајан поради него.


Инаку, Меган и раперот се запознале пред една година на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“, а набрзо потоа запловиле во љубовната врска која што го „раздрма“ Холивуд.

Иако Брајан изјавил дека се разделиле на мирен начин со поранешната сопруга, биле уловени во лага - поранешнот брачен пар повремено си префрла на социјалната мрежа Инстаграм.

Така по првата заедничка фотографија која Меган ја објавила со Машин Ган Кели на Инстаграм, напишала: „Прекрасно момче. Моето срце е твое“.

Потоа Брајан споделил фотографија со своите синови, па напишал: „Ноа, Боди и Џурни кои ги добив со Меган, како и најстариот Касиус од првиот брак“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk