Во врвот на понудата на „Mercedes“ е „Maybach“, а во врвот на „Maybach“ гамата е „S680 4Matic“.
Осмислен на своите сопственици да им овозможи уште повеќе луксуз и сила во однос на „регуларниот“ „Mercedes-Maybach“ од С класата, моделот „S680 4Matic“ пристигнува со рачно изработен 6.0-литарски V12 твин-турбо мотор.
Овој бисер на германскиот инженеринг произведува 630 коњски сили и развива дури 1001 Nm максимален вртежен момент, а силата се пренесува на сите 4 тркала.
Тоа е доволно оваа масивна лимузина од состојба на мирување до 100 км/ч. да пристигнува за само 4,5 секунди, пред сказалката да запре на максималните, електронски ограничени 250 км/ч.
Како и другите модели од гамата на „Maybach“, и „S680 4Matic“ има специфични детали по кои визуелно се разликува од обичниот „Mercedes“ од С класата.
Тука пред сè е двобојната каросерија во нијанси карактерични за моделите на „Mercedes-Maybach“. Се истакнува и специфичната хромирана маска на ладилникот како и хромираните отвори за воздух на предниот браник.
Внатрешноста е таква што со своите луксузни содржини, „S680“ може да им парира на своите малобројни ривали како „Bentley Flying Spur“ и „Rolls-Royce Ghost“.
Задоволството од поседување на еден ваков автомобил во Германија изнесува од 164.565 евра, колку што е неговата почетна цена.