„За сите негови хејтери, ова е горчлива таблета која мора сè почесто да ја проголтуваат“: Текстот на „Њујорк Тајмс“ за Ѓоковиќ го привлече вниманието на светската јавност

Супермен

22/06/2021

17:52

4.498

Големина на фонт

а а а

Написот во „Њујорк Тајмс“ за Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание.

Титулата на тенисерот на Ролан Гарос, по титанската борба со Надал и Циципас, потврди дека Новак не планира да запре и дека титулата на Вимблдон ќе ја „нападне со сета сила“.

По сè, „Њујорк Тајмс“ го стави Новак во прв план откако неговите најголеми ривали Надал и Федерер се откажаа од Гренд слемот на трева.

„Сега седи на раб на историјата која создава обврска за многу негови тврдоглави хејтери: игнорирајте го или исмевајте го неговиот марш, но на крајот укажете му чест на огнениот и ефикасен Србин“, пишува во текстот.

„Неговиот минималистички пристап го редефинира тениското мајсторство. Во спортот кој зрачи со естетика, стеснетиот пристап на Ѓоковиќ е подеднакво делив како блоковите во боја на Ротко“, се наведува во споредбата со познатиот сликар Марко Ротко, познат по минимализмот.

Авторот на написот го нарекува Новак „Худини“, истакнувајќи дека „не е робот“ како што досега многумина често го нарекуваа.


„Со години се чинеше дека машкиот тенис го дефинира едно ривалство – Федерер против Надал. Два големи шампиони и два контрастни стилови. Нивната трајна врска ја дефинираше добата на овој спорт. Тогаш Ѓоковиќ влезе и ги „малтретираше“. Тој е трето тркало, различен во секој поглед, вклучувајќи го и фактот што не потекнува од добростоечки земји како Швајцарија и Шпанија, туку од источноевропска земја која навивачите не ни можат да ја пронајдат на мапа. За неговите хејтери сето ова е горчлива таблета која мораат сè почесто да ја проголтуваат. Новак сега има предност во меѓусебните дуели во однос на двата најголеми ривали. Од 2011 година има освоено 18 Гренд слема, 7 повеќе од Надал и 14 повеќе од Федерер“, стои во текстот на „Њујорк Тајмс“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk