Времеплов: 2 фотографии од Џеј Ло и Бен Афлек кои докажуваат дека некогаш работите во љубовта не се менуваат

Супермен

26/07/2021

14:37

6.639

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек повеќе не кријат дека се заедно.

Златниот холивудски пар од почетокот на 2000-те привлекуваше многу внимание во медиумите и јавноста, а интересот за љубовната врска на Џенифер Лопез и Бен Афлек ниту денес не е помал оттогаш.

Кога првпат биле во врска од 2002 до 2004 година, папарацо фотографите ги „прогонувале“.

Јавноста сега ја коментира сцената од спотот на Џеј Ло за песната „Jenny From the Block“ во која гледаме како фоторепортерите ги фотографираат Џеј Ло и Афлек додека се опуштаат на јахтата.

Џеј Ло лежи на стомак, додека Бен нежно ја гали по задникот, а сега папарацо фотографите успеале да забележат иста таква сцена.

Парот деновиве ги поминува на луксузна јахта на која пејачката и актерот го прославиле 52-от роденден на Џеј Ло, а папарацо фотографите успеале да го овековечат моментот кога Бен и Џеј Ло биле во положба како во популарната сцена од спотот.

Доколку ги прашате фановите на популарниот пар, ништо поубаво не можеле да им приредат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk