Тоа не била љубов на прв поглед. Далеку од тоа.. Но, сепак била љубов која трае.
Хелена Сегар (50) неодамна раскажала како изгледал моментот кога првпат го видела Златан Ибрахимовиќ:
„Лошo го паркираше своето Ферари, го загради мојот Мерцедес така што не можев да излезам од паркингот“, раскaжала Швеѓанката за магазинот „Elle“ во март оваа година.
Хелана и Златан се запознале во 2001 година, кога фудбалерот имал 21 година, а Хелена 32.
„Уште тогаш имав кариера и доволно имот. Никогаш не морав да барам некој кој ќе ме издржува“, раскажала Хелена наведувајќи дека и денес финансиски е независна од својот сопруг, успешниот фудбалер.
„Не е лесно да живееш со него, но признавам не е ниту со мене. Мислам дека на Златан му се допаѓа тоа што му се спротивставувам“, изјавила Хелена.
Хелена вели дека не сака да се венча со Златан, па очигледно дека тоа не ѝ е приоритет.
„Венчавката би можела да го смени моето чувство на независност. Не сакам да ме прогласат за сопруга на фудбалерот или пак мис на убавина. Мислам дека луѓето не знаат колку учев, се борев и работев“.
Инаку, парот има две деца и сите заедно живеат во Стокхолм.