Ќерката на Болдвин поради негo паузираше со објавување безобразни фотографии, а сега позираше целосно гола

Супермен

03/01/2022

17:35

19.088

Големина на фонт

а а а

Манекенката претходно поради голите фотографии имаше кавги со својот татко и многумина ги забележуваа неговите саркастични коментари под нејзините објави.

Ајрланд Болдвин (26) одреден временски период беше „мирна“ кога станува збор за провокативните фотографии поради кои нејзиниот татко Алек Болдвин јавно реагираше и го изразуваше своето незадоволство.

Меѓутоа, таа сега се вратила на своите стари навики, па објавила фотографија на која целосно гола лежи во када, во некој хотел во Нешвил.

Се пофалила како ужива на одмор, а на фотографијата ги покажала и своите бројни тетоважи.

Инаку, Ајрланд последните месеци значително се повлекла од јавноста и од социјалните мрежи поради страшната несреќа која се случи на сетот на филмот „Rust“ на која пред неколку месеци нејзиниот татко ненамерно ја усмрти соработничката Халина Хачинс.

Веднаш по несреќата на Инстаграм таа споделила што мисли за сето тоа, па го нападнала и новинарот кој се обидел да ја контактира, а на нејзиниот татко му даде неверојатна поддршка.

Инаку, манекенката претходно поради голите фотографии имаше кавги со својот татко, а многумина ги забележуваа неговите саркастични коментари под нејзините објави.

Без оглед на тоа, убавата Ајрланд и натаму знае дека најмногу ќе го привлече вниманието во јавноста токму со провокативните фотографии.

Одреден дел од нејзините следбеници забележале дека има вишок килограми, но таа на таквите коментари не се огласува.

Тврди дека одлично се чувствува во својата кожа, а претходно често зборувала за проблемите со нарушувањето во исхраната кое го имала, а кое за среќа го совладала.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk