„Апсолутно совршена“: Актерката со најголеми природни гради во Холивуд позираше во долна облека

Супермен

01/02/2022

13:20

17.788

Големина на фонт

а а а

Актерката Кристина Хендрикс која се прослави со улогата Џоан во серијата „Mad Men“, споделила провокативна фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, па привлекла големo внимание.

Оваа 46-годишна актерка објавила селфи фотографија, а позирала во црна, чипкаста долна облека која го истакнала нејзиното раскошно деколте и прекрасна фигура на тело.

„Ти си оган“, „Не можам да дишам“, „Апсолутно совршена“, „Колку си згодна и убава“, ѝ коментирале следбениците на Инстаграм.

Во една прилика, на прашањето дали нејзините гради се „лажни“, Кристина одговорила, но истакнала и дека прашањето е крајно бизарно:

„Тие толку очигледно се вистински, што секој кој некогаш допрел женски гради мора тоа да го знае“.

Кристина Хендрикс била во брак со колегата Џефри Аред, a во 2019 година објавиле дека се разведуваат по 10 години брак.

Инаку, актерката повеќе пати била критикувана и поради модните парчиња кои ги носи, а една од критиките била - „немојте на големите девојки да им давате да носат големи фустани“.


„Мајка ми добро ме воспита. Таа секогаш го славеше своето тело. Никогаш не сум слушнала да каже дека мисли дека е дебела. Кога се занимавав со моделинг, првпат кога отидов во Италија се здебелив 7 килограми и се чувствував прекрасно. Ќе се соблечев пред огледало и ќе си речев: Ох, изгледам како вистинска жена“, раскажала таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk