„Роден сум како зависник од хероин, а татко ми е убиец“: По излегувањето од затвор стана манекен, а во детството преживеал вистински пекол

Супермен

10/02/2022

21:15

18.416

Големина на фонт

а а а

Најдобар доказ дека судбината може магично да се смени преку ноќ е приказната за Џереми Микс, чии фотографии од пред неколку години ги обиколија сите светски медиуми по што го доби епитетот „најсексапилен затвореник на светот“.

Благодарение на тие фотографии кои настанале во текот на неговото апсење, овој синоок убавец стана еден од ретките затвореници на кои широко им се отвориле вратите од шоубизнисот. Всушност, неговата популарност растеше од ден за ден, а деловните понуди останаа и 2 години подоцна кога конечно беше пуштен на слобода и започна да гради манекенска кариера.

Денес Џереми живее сон за кој многумина сонуваат - има слава и богатство и е многу посакуван помеѓу жените. Сепак, горчината поради погрешните одлуки во минатото и понатаму не го напушта.


Пред неколку години во едно од неговите ретки интервјуа, ја опишал својата мачна и на моменти многу мрачна животна приказна.

„И двајцата родители беа зависници. Се родив зависен од хероин бидејќи мојата мајка го земала кога била бремена со мене. Моето детство беше многу мрачно. Мојот татко ја уби пријателката на мојата мајка кога имав 9 месеци. Тој ме бараше мене и мајка ми, а таа беше единствената која знаеше каде сме. Подоцна сфати дека го изнајмивме станот над нејзиниот. Ја избоде“, се присетил Микс.


По злосторството, неговиот татко добил доживотна затворска казна, а тој пораснал со неговата мајка во морничави услови.

„Да се порасне во такво опкружување беше многу тешко. Ѝ вбризгував хероин на мајка ми кога бев дете и ја штитев од партнери кои ја злоставуваа. Морав брзо да пораснам, да започнам да работам и да носам пари за да имаме што да јадеме“, раскажал Џереми.

Веќе на 15-годишна возраст го напуштил семејниот дом и живеел на улица - истата година пукале на него 5 пати, но за среќа преживеал. Набрзо завршил во поправен дом, а оттаму го извлекла постарата сестра која законски го посвоила.


Меѓутоа, Микс продолжил по лошиот животен пат - ограбувал, се занимавал со наркотици и бил член на улична банда, а во затвор поминал повеќе од 10 години во повеќе наврати. Сепак, апсењето кое се одигра во 2014 година поради неовластено поседување на оружје трајно го промени неговиот живот.

Фотографијата од полициската станица стана вирална, а моќта на интернетот повторно се покажа на дело, претворајќи го Џереми во сензација.


„Единствено што ме спаси беше судијата кој тогаш ми ја намали затворската казна. Ми кажа да ја искористам можноста која ми се пружа. Ми помогна на многу начини“, признал овој убавец, кој во наредните месеци стана толку баран манекен што носеше ревии на модните недели и стана заштитно лице на бројни луксузни брендови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk