Беше најубавата спортистка, а потоа сподели „сочни“ детали од олимпиското село: „Моите цимерки одвај чекаа да заврши натпреварот за да ги потрошат презервативите“

Супермен

09/03/2022

21:42

18.257

Големина на фонт

а а а

Парагвајската атлетичарка Лерин Франко остварила прекрасни резултати во текот на кариерата, но светската слава ја стекнала пред сè благодарение на својот физички изглед, но и изјавите.

Учесничката на Олимписките игри во Пекинг и Лондон открила „скокотливи“ детали од олимпиското село.

„Сè сум видела, доживеала. Моите цимерки така одвај чекаа да го завршат натпреварувањето за да ги потрошат сите презервативи кои ги добија. Никој од нив не размислуваше на резултатите. Поради тоа што јас бев во врска со момче од репрезентацијата, ниту мене не ми останаа презервативите“, изјавила атлетичарката која сега ретко ја гледаме на атлетските патеки, но затоа на модните писти е активна.

На македонската јавност ѝ стана позната по тоа што во Пекинг и Лондон често ги гледаше натпреварите на Новак Ѓоковиќ за кој кажа дека ѝ е омилен спортист.

Треба да се спомене дека Лерин во 2006 година била и прва придружба на изборот за мис во Парагвај, а по завршувањето на активната спортска кариера се посветила на спортското новинарство во некоја локална телевизија.

Таа со модата и натаму се занимава, а има и ново момче со кое редовно споделува фотографии на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk