„Најзгодна жено на планетата, изгледаш како лично Бог да те извајал“: Славната убавица објави жешки фотографии

Супермен

16/03/2022

17:34

18.287

Големина на фонт

а а а

Никол Шерцингер објави неколку жешки фотографии од одморот на Хаваи на кои ужива со момчето Том Еванс.

Пејачката ги воодушеви следбениците со овие фотографии на кои позира во минијатурно бикини, кое едвај ѝ ги сокрива облините, а ја фотографирал Том.

Никол по којзнае кој пат го покажа беспрекорното тело со кое предизвикува воодушевување, а кое ѝ го донело прекарот - божица на убавината.

Не е ни чудно што следеле многу комплименти.

„Изгледаш како лично Бог да те извајал“, „Најзгодна жено на планетата“, „Никол, секојпат ме оставаш без здив“, „Совршена си“, „Нема подобра од тебе“, се дел од коментарите.

Никол и Том се во врска од 2019-та година, а се запознале на снимањето на едно талент шоу во САД, во кое Никол беше жири.

Последната година ја поминуваат на плажи ширум светот, а своите патувања ги споделуваат и на Инстаграм каде редовно се фалат со своите извајани и исончани тела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk