Некогашниот заводник кој не мoжел да му одолее на женскиот род и светски број 1, денес живее со мачки: „Не водам љубов, крвта не ми врие....“

Супермен

05/07/2022

22:31

13.506

Големина на фонт

а а а

Популарниот руски тенисер своевремено бил најдобриот тенисер на светот.

Во текот на богатата кариера тој освоил 15 трофеи во поединечна конкуренција, вклучувајќи и два гренд слема и пет АТП Мастер серии.

Денес тој е далеку од јавноста, подготвен понекогаш да даде по некоја изјава, а за тоа како живее малку се знае. Имено, Марат Сафин никој не пушта во својот дом.


Пред извесно време дал шокантно интервју за руските медиуми во кое опишал како изгледа неговиот живот по тениската кариера.

„Моментално не работам ништо. Се будам меѓу осум и десет, шетам, патувам. Тенисот не ме интересира. Понекогаш играм по некој турнир за ветерани, но која е поентата во тоа? Дали некој кој ја завршил кариерата и си заминал во пензија повторно почнува да се занимава со истата работа? Не. Тоа е глупаво. Таков некој турнир повеќе ми служи да ослабнам кога ќе почувствувам дека сум се здебелил неколку килограми“, изјавил Сафин којшто смета дека религијата не постои.

„Сите знаат дека тоа е измислена работа за да ги контролира луѓето. Дали мислите дека негде таму седат Бог и ѓаволот и дека одлучуваат кој каде оди? Тоа е глупаво“, изјавил славниот руски тенисер кој нема девојка, а се откажал и од водењето љубов.

„Немам девојка, немам сопруга и не ме интересираат врските. Не сум дете, крвта повеќе не ми врие“, открил Сафин.

Некогашниот женкар денес живее само со мачките, а се откажал и од ќерката Ева Јакубовскаја.


„Немам ќерка. Тоа луѓето го мислат, тоа го пишуваат медиумите. Но, што можам јас... Тешко е да им го забранам тоа, јас само знам дека немам ќерка“, изјавил Сафин којшто во својот дом никого не пушта да влезе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk