Топ 10 острови за работа на далечина: На еден од нив дневно ви требаат околу 1.000 денари за живеење

Супермен

10/08/2022

11:33

7.042

Големина на фонт

а а а

Холандско-карипскиот остров Курасао го заслужил првото место на оваа листа, а веднаш потоа следи италијанскиот „бисер“.

Многумина од оние кои ја искусиле работата на далечина – повеќе не сакаат да се вратат на стариот начин на работа.

Велика Британија моментално ја тестираи работната седмица од 4 дена, а вработените вклучени во овој пилот-проект велат дека гледаат позитивни ефекти од продолжениот викенд – посреќни се, попродуктивни, поздрави.

Поради тоа, доколку браншата која сте ја избрале ви го дозволува тоа, можеби не е лошо да се обидете во работата на далечина.


„Bloomberg“ предложува популарни карипски дестинации, како што се Курасао, Аруба и Јамајка, познати по своите прекрасни плажи.

Тука воедно се и тропските острови кои ги нудат некои од најдобрите животни услови и понуди, за пари кои дигиталните номади треба да ги издвојат за одредено време да живеат таму.

Листата на најпопуларни острови за дигитални номади ја направила софтверската компанија „Zenefits“, посветена на областа на човекови ресурси.

Всушност, попишани биле дури 50 острови, врз основа на седум критериуми: жители, просечна температура, брзина на интернетот, цена на сместувањето, просечен дневен буџет, леснотијата на пристигнување на островот и работи кои треба да ги направите и видите.

Холандско карипскиот остров Курасао го зазел првото место на листата 10 најдобри за работа на далечина, со пријатни просечни температури во градот и брзина на интернет мрежата која е над американскиот просек.


Таму има и недопрени плажи кои се нереални, како и национален парк каде туристите можат да гледаат како желките положуваат јајца.

Тајландскиот Ко Па Нган е уште еден остров којшто е идеален за работа на далечина и треба да се истакне дека тука своето место го нашол велнес ресортот The Sanctuary. На островот туристите во просек трошат по 17 долари (околу 1000 денари), не сметајќи го сместувањето.

На трето место е Фернандо де Нороња (Бразил), потоа Велигденските острови, оддалечени на околу 3.600 километри западно од Чиле, потоа Аруба, Света Луција, Голем Кајман, Мал Кајман, Мореја и на крај – Јамајка.


Поради тоа што работата од дома станува норма, а компаниите нудат флексибилни услови, работниците повеќе од кога и да е сакаат да се упатат во странство и да работат со сменето опкружување. Како одговор на тоа, некои од земјите усвоиле различни мерки за привлекување на оваа група на работници.

На пример, Индонезија разгледува специјална виза за работници на далечина, а Тајланд нуди данок за олеснување за оние кои би работеле таму подолго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk