Синот на славниот кошаркар во златно бикини и високи потпетици ужива на Миконос: Троши многу пари, обожава луксузни летувалишта…

Супермен

18/08/2022

13:30

22.906

Големина на фонт

а а а

Ексцентричниот син на Меџик Џонсон се појавил на Миконос во златно бикини и сите погледи биле насочени кон него.

Ервин Џонсон III, попознат како Еј Џеј, син на Меџик Џонсон, деновиве одмора на Миконос, а неговите фотографии во бикини го обиколија светот.

Еј Џеј обожава гламур и луксузни одморалишта, облечен во златно бикини, панталони и високи потпетици максимално уживал на некоја забава на луксузниот грчки остров.


Познато е дека Еј Џеј е трансродова личност и дека за својата сексуалност зборува уште од 13 години. Родителите го прифатиле таков каков што е, а често славниот кошаркар Меџик Џонсон може да го видиме во друштво на својот син којшто носи фустани и екстравагантни комбинации каде и да се појави.

Еј Џеј (30) имал само 13 години кога на татко му, му признал дека е хомосексуалец. Славниот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му било потребно повеќе време за да го прифати тој факт.


„Мое е да го сакам без оглед на

тоа кој е и што прави“, изјавил Меџик во една прилика.

Вистина е дека славниот кошаркар едно зборува пред камерите, а друго пред синот во нивниот дом.

Него тешко му било да го прифати син му и момчињата кои тој ги носел дома.

Тој неколку години бил ѕвезда во реалити емисија во која камерите го следеле насекаде. Тогаш можело да се види колку Еј Џеј го сака луксузот и младите момчиња.


Иако и денес не се знае како заработува и што точно работи, тој сепак има пари. Летува само во најпрестижните летувалишта во друштво на деца на богати родители. Модата му е опсесија, па не постои модна ревија на која не присуствувал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk