Зошто Кристијано Роналдо нема тетоважи? Португалскиот фудбалер еднаш одговорил на ова прашање, а вакво објаснување никој не очекувал

Супермен

06/12/2022

09:16

16.830

Големина на фонт

а а а

Сè е во знакот на фудбалот додека трае Мундијалот во Катар. Се толкува секој детаљ поврзан за фудбалерите, па така на ред дојдоа и тетоважите кои нема да ги видите на Кристијано Роналдо, а еве и зошто.

Дали некој ќе се тетовира или не е работа на избор. Имајќи го предвид бројот на фудбалери кои се „покриени“ со тетоважи, Роналдо е вистински исклучок.

Во една прилика, во интервју за италијанската новинска интернет страница „Diretta“, Португалецот изјавил: „Немам тетоважи за да можам почесто да давам крв“.

Иако луѓето со тетоважи, секако, можат да бидат крводарители, тоа можат да го направат дури 4 месеци по тетовирањето, пишува „Insider“. Причината е потенцијален ризик од инфекција, а истото правило важи и за пирсинг и за трајна шминка.

Роналдо одлучил прво да дарува крв кога синот на неговиот португалски соиграч Карлос Мартинс заболел од леукемија во 2011 година. На тогаш 3-годишното момче му бил дијагностициран многу редок вид на крвно заболување.

Роналдо, кој според пишувањата на шпанската „Marca“ од први јануари ќе игра за Ал-Наср, е регистриран како донор на коскена срцевина.

„Го направив пред многу години и повторно би го направил бидејќи тоа е многу сериозна болест за многу деца и треба да им помогнеме. Тоа е едноставен процес и потоа се чувствувате среќно бидејќи знаете дека сте помогнале некому“, изјавил фудбалерот во една прилика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk