Кој е двојникот на Нејмар и што мисли Бразилецот за неговото однесување? Момчето кое го излажа цел Катар има неверојатна приказна

Супермен

07/12/2022

21:00

17.208

Големина на фонт

а а а

Толку многу луѓе забележувале дека личи на најпознатиот бразилски фудбалер што одлучил да добие пари за тоа. Но, кој е всушност лажниот Нејмар и што оној вистинскиот мисли за својот двојник?

Нејмар, членот на фудбалската репрезентација на Бразил, привлекува многу внимание на Светското првенство во Катар.

Прво Нејмар на натпреварот против Србија, помина многу време тркалајќи се по фудбалскиот терен поради тоа што претрпе дури девет фаули, а потоа излезе од стадионот со отечен зглоб, па закрепнуваше и се врати на теренот на натпреварот во осминафиналето, постигнувајќи погодок.

Навикнавме од Нејмар да биде во центар на внимание и во текот на натпреварите, но и надвор од нив, но овој ден има многу поинтересна конкуренција.


Имено, во Катар моментално престојува и неговиот двојник којшто од ден на ден ги засмејува луѓето на социјалните мрежи. Поради неверојатната сличност со Нејмар, ова мистериозно момче се облекува како него и со леснотија го лаже секој оној кој ќе го сретне, па така досега направил веројатно илјадници селфи фотографии со фановите на Нејмар, дал многу автограми и добил дури и прием кај еден шеик.


Како што тоа го забележале твитерџиите, двојникот на Нејмар во Катар си поминува како никогаш досега во животот, а малку е познато дека за него ова е и многу повеќе од шега, тој буквално живее од својата сличност со Бразилецот.

Кој е двојникот на Нејмар?

Момчето за кое деновиве се зборува е всушност Еигон Оливеира и исто така е од Бразил. Сè започнало пред неколку години кога работел како келнер во некој бразилски ресторан каде луѓето често го запирале за да му кажат дека помислиле дека е Нејмар.

Потоа се прочуло за ова момче, па му се јавила една агенција која го ангажирала за бројни реклами.

На некои од тие снимања имало и публика која сакала да се сретне со „оригиналниот“ Нејмар, а Еигон вели дека на фудбалерот не му пречи тоа што тој го прави.

„Никогаш ова не можев ниту да го замислам“, порачал неодамна тој на Инстаграм.

„Благословен сум што стигнав до тука со оваа работа. Благодарен сум затоа што сум фан на ова момче кое сè што правам го дочекува со широко раширени раце. Тој ми го смени животот на неверојатен начин, ми даде милион прилики и ми овозможи да одам на места кои никогаш не сум мислел дека ќе ги видам, да запознам луѓе за кои само сонував дека ќе ги сретнам“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk