Љубовницата објавила фотографија во долна облека од францускиот репрезентативец, сепак сопругата не го напуштила: Неговата афера го „тресеше“ фудбалскиот свет...

Супермен

16/12/2022

23:44

24.924

Големина на фонт

а а а

Оливие Жиру е еден од клучните играчи на француската фудбалска репрезентација која се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар, по победата против Мароко со резултат 2:0.

Напаѓачот на Милан промаши неколку прилики за погодок, но за среќа тоа не влијаеше на нивната победа. Оливие на првенството во Катар има поддршка од своето семејство кое било снимено во текот на полуфиналето.

Неговата сопруга, Американката Џенифер Жиру била на трибините во друштво на нивните деца. Фудбалерот пошол кај семејството за со нив да ја прослави победата.

Парот има четири деца, а Оливие повеќе пати нагласил дека не би имал таква кариера доколку сопругата не била покрај него. Џенифер покажала дека е подготвена сè да му прости на сопругот, па дури и неверство.

Имено, нивниот брак во 2014 година бил во криза кога Жиру признал дека имал афера со манекенката Силија Кеј.

„Ѝ се извинувам на мојата сопруга, своето семејство, сите во клубот, соиграчите и навивачите на Арсенал. Сега морам да се борам за своето семејство и клубот. Морам од нив да барам прошка. Ништо друго не е важно во овој момент“, се огласил фудбалерот на социјалните мрежи.


Интересно е тоа што Оливие прво одрекувал дека во својата соба во хотелот Four Seasons во источен Лондон ја довел Силија, а сè се одвивало ноќта пред Арсенал да го победи Кристал Палас.

Во целата приказна бил упатен и неговиот тренер Арсен Венгер поради тоа што аферата се случила пред важна средба и фудбалерот парично бил казнет од страна на клубот со над 200.000 фунти.

Силија ја докажала својата романса со Жиру преку фотографија на Твитер која го прикажува фудбалерот во долна облека. Сите ја паметат реакцијата на Џенифер тогаш кога аферата била откриена. Имено, таа воопшто не се огласила по тоа прашање, а очигледно и му простила на сопругот.

Џенифер по аферата го деактивирала и својот Твитер профил, а совети добивала од најблиските луѓе во својот живот.

Таа во ниту еден момент не ја коментирала аферата на својот сопруг, додека пак тој повеќе пати покажал колку се кае.

„Некои работи беа вистинити, некои лажни. Меѓутоа, тоа е минато. Тоа што не ме убива, ме зајакнува. Убеден сум дека сè што се случи се случи за да ме направи појак човек. Морам да ја градам иднината на своето семејство“, рекол фудбалерот по скандалот.


Неверството не влијаело ниту на неговата игра, па така тој продолжил да дава голови за Арсенал, а сега и за Милан.

„Беше тежок период. Мораш да бидеш јак. Го користев фудбалот за решавање на проблемите. Тренерот Арсен Венгер имаше голема улога во тоа. Можев да зборувам со него за многу работи“, открил Жиру.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk