20.000 луѓе му порачуваат - „остави ја“: Аргентинските навивачи покренаа петиција познатиот фудбалер да раскине со неговата девојка

Супермен

30/12/2022

23:43

16.098

Големина на фонт

а а а

Светското првенство во Катар заврши во корист на репрезентацијата на Аргентина, која си замина дома со пехарот од Мундијалот.

Не е тајна колку фудбалот им е важен на Јужноамериканците и дека фудбалерите се „мали богови“ во тамошните земји, а сега стигнува уште еден пример за огромната грижа на Аргентинците за добробитот на играчите.

Имено, напаѓачот Хулијан Алварез одлично се покажа на Светското првенство, каде постигна 4 гола и забележа 1 асистенција на 7 натпревари. Благодарение на тоа, тој по Меси стана најдобар стрелец на својот национален тим, а голема поддршка му пружаше и неговата девојка Емилија Фереро.

Но, навивачите сега се согласни - оваа врска мора да заврши!

Фановите на популарниот фудбалер на Манчестер Сити покренаа петиција со која го повикуваат Алварез да раскине со Емилија, а досега на сајтот „Change.org“ на кој е објавена петицијата има повеќе од 20.000 потписи.


Причина за тоа е видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како Емилија не ѝ дозволува на група деца да добијат автограм од нејзиното момче, туку дозволува само групно да се фотографираат со него.

„Мораме да му укажеме дека таа е токсична и дека го уништува неговиот имиџ“, стои во описот на петицијата.

Хулијан е во врска со Фереро од 2017 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk