Денот не го започнува без овие намирници: Како изгледа појадокот на Новак Ѓоковиќ и што му дава енергија во текот на натпреварите?

Супермен

30/01/2023

13:17

6.410

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер е познат по строгиот режим на исхрана. Иако многумина го критикуваат поради тоа, очигледно е дека нему таквиот начин на исхрана му помага да биде во врвна форма.

Популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои новата титула на Австралија опен, откако го победи Стефанос Циципас.

Освен конкретните дневни рутини, напорните тренинзи и медитација да остане и да биде во врвна форма, секако нему му помага и исхраната.

Иако многумина го критикуваат поради конкретниот режим на исхрана, Новак во текот на годината покажал дека токму тоа му помага да тренира и да даде сè од себе.


Новак внимава на намирниците кои ги внесува, избегнува да јаде месо, риба и други животински производи, а не јаде ниту млечни производи.

Се труди да јаде избалансирани производи кои му даваат сила.

Во една прилика открил дека утрото не може да го започне без овошје и смути.

„Мојата омилена храна за појадок е овошје и зелено смути. Не можам да го започнам денот без тоа“, открил Новак во една прилика.

„На телото му е потребен шеќер. Фруктозата и останатите шеќери кои се наоѓаат во овошјето се прекрасни за организмот“, истакнал тој.

Да бидеме малку поконкретни, Новак сака денот да го започне со мед, овошје и овесни снегулки, а појадокот му се состои од она што се нарекува „power bowl“.

Станува збор за чинија во која се помешаните разни видови на семки, мусли без глутен, јаткасти плодови, овошје заедно со мед и млеко од бадеми или оризово млеко.

Неговата исхрана без животински производи и глутен наишла на бројни критики, но тој неколку пати истакнал дека ваквиот режим на исхрана го поттикнува системот за варење, ги намалува болките во мускулите и вкочанетоста на зглобовите и обезбедува повеќе енергија.


Новак во една прилика открил што консумира во текот на паузата на некој тениски натпревар:

„Тенисот е различен спорт од некој друг поради тоа што нема иста физичка потреба. Во тенисот натпреварот може да трае и до пет часа, во текот на натпреварот главно јадам урми, понекогаш малку банана, но главно урми. Пијам вода и два различни енергетски пијалаци, и – тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите“, изјавил своевремено тенисерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk