[ФОТО] „Убиствено“ тело: Водителката на овогодишната Евровизија веќе го привлекува вниманието

Точка

06/05/2025

17:46

4.448

Големина на фонт

а а а

Поради нејзиниот неверојатен изглед многумина „губеле глави“ а и на 49 години, таа успева да го привлече вниманието.

Имено Мишел Хунцикер неодамна била фотографирана во Италија, на езерото Комо. Убавата водителка уживала во сончевите денови, но и во можноста да ја покаже својата завидна фигура. Секако, папараците ја забележале и го снимиле тој момент.

Како што може да се забележи, италијанската водителка и манекенка носела бикини во жолта боја кое совршено ги истакнало нејзините атрибути.

Бујните гради, но и заднината беа во преден план, а судејќи според овие фотографии, Мишел сè уште може да ги измами воздишките на јавноста.

Потсетуваме Мишел стекна голема слава како манекенка и водителка, но и како сопруга на најголемиот италијански тенор Ерос Рамацоти. Таа беше во брак со него од 1998 до 2009 година и Ерос ѝ ја посветил неговата култна песна „Più bella cosa“, а двајцата ја добија ќерката Аурора.

Меѓутоа на нивната љубов ѝ пресудил култот „Воини на светлината“. Имено сектата го уништила приватниот живот на Хунцикер и ја одвоила од нејзиното семејство и пријателите.

Но, години подоцна таа ја напуштила сектата и повторно ја пронашла љубовта со италијанскиот претприемач Томас Трусарди. Тие се венчале во 2014 година, но за жал се развеле во 2022 година.

Инаку, Мишел ќе можеме да ја видиме на големите екрани за неколку дена, бидејќи таа е една од 3-те водителки на Евровизија во Базел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk