(Фото/Видео) Зошто овој класичен автомобил чини колку „Porsche 911“?

Супермен

25/09/2023

12:52

4.567

Големина на фонт

а а а

„David Brown Automotive“ го претстави „Mini eMastered“, преработка на класичниот „Mini“ во дизајнерски електричен автомобил.

Оригиналниот „Mini“ и денес привлекува внимание каде и да се појави. Безвременскиот дизајн е инспирација за многумина, но оригиналот е само еден.

„David Brown Automotive“ поради тоа не го менува она што не треба да се смени и креира „restmode“ возила основани на класичните „Mini“ автомобили во духот на денешното време. А, тоа значи дека имаат електричен погон.

Според сегашните стандарди станува збор за навистина минијатурен автомобил за кој е доволна батерија чиј капацитет одговара на денешните „plug-in“ хибриди. Капацитетот е 18,8 kWh, што е доволно за домет од 177 километри.

Истовремено овој „Mini“ е многу агилен. Со мотор од околу 100 KS I 175 Nm, забрзува до 100 км/ч. за 8,5 секунди и достигнува максимални 148 км/ч.


А, тајната е во малата маса. Имено, овој автомобил и натаму е тежок само 640 килограми, колку што имал и кога го придвижувал мотор на бензин.

Се полни со AC полнач од 6,6 kW за околу три часа, што го прави одличен градски автомобил и идеален втор автомобил за секое домаќинство.

Тоа е исто така и возило со полн сјај поради тоа што направено е од квалитетни материјали, до последен детаљ.


И, тука доаѓаме до најголемата препрека – цената. Верувале или не, овој автомобил чини 125.000 фунти, што го става „рамо до рамо“ со новиот „Porsche 911“. Меѓутоа, не се сомневаме дека има заинтересирани за негово купување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk